Во ковид–центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 43 пациенти, вкупно се лекуваат 478

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 478 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 22 приеми и тоа пет пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, четворица во ковид-центарот на Клниката за неврологија, тројца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, тројца на Клиниката за гастроентерохепатологија и исто толку на Клиниката за очни болести, додека четворица болни се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника биле примени 10 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 30 оздравени пациенти

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 51 пациент со симтоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 19 пациенти.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 836 пациенти, има слободни кревети

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 156 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 10 деца и 24 возрасен.

Вкупно 478 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, изутрината до 8 часот имало 15-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 115, во ковид-центарот во Гостивар 59, а во Струга 29 болни.

Во болницата во Струмица лежи 81 пациент, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 13 лица позитивни на коронавирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1314 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид-центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, се додава во соопштението. 

реклама

Кој е полицаецот кој со три потези спречи трагедија во Капитол хил?

Read more

Рецепт за печен компир стана хит на интернет

Read more

Откажан првиот меч на ракометниот Мундијал

Read more

Нов скандал го тресе Холивуд: Актерот Арми Хамер обвинет дека е канибал и садист

Read more

Македонија

Нови 190 случаи на COVID-19, шестмина починати и 2.009 оздравени пациенти

Read more

Минусни температури во цела држава, на Попова Шапка -16 степени

Read more

Законот за попис пред гласање, опозицијата собира потписи да го поништи

Read more

Сончево и студено со мала до умерена облачност

Read more
 

Вести

Повеќе од 95 милиони луѓе во светот се заразени со COVID-19

Читај повеќе

Навални полета за Москва

Читај повеќе

Нови 190 случаи на COVID-19, шестмина починати и 2.009 оздравени пациенти

Читај повеќе

Третата руска вакцина против корона ќе биде достапна од март

Читај повеќе

Малолетник се обидел да силува 27-годишна девојка во струшко

Читај повеќе
  • play_arrow

Петмина руски морнари спасени од потонат брод кај Турција, двајца се удавиле

Читај повеќе

Уапсена мајка за запуштање и малтретирање на малолетна ќерка

Читај повеќе

Приведени 13 лица на две домашни забави во Скопје

Читај повеќе

Почна судењето на најмоќната италијанска мафија

Читај повеќе