1.МФЛ 2020/21

Во Кратово режија како од времето на Ѕинго: Работнички распали по судиите

Филип Здравески
/ 19.10.2020 / 09:37

Судиска лакрдија синоќа во 9. коло во македонската Прва лига се случи во Кратово кога домашниот тим длабоко во судиското надополнување постигна гол иако топката претходно беше излезена надвор од теренот.

„ФК Работнички е драстично оштетен на натпреварот против Силекс во Кратово (4:3). Клубот реагира на нерегуларно постигнатиот победнички гол на домашниот тим. При акцијата на голот што го постигна Бурхан Мустафов, топката претходно е излезена во гол-аут, од каде еден фудбалер на Силекс со глава ја враќа во игра и потоа Мустафов постигнува нерегуларен погодок“, почнува соопштението на клубот од Дебар Маало.

Тоа е всушност и точно бидејчи топката навистина беше излезена, а прашање е како помошниот судија успеа да не види такво нешто, или пак намерно не сакаше да види.

„Скандалот е уште поголем ако се знае дека последните две минути од мечот, нема интернет пренос во живо на веб-страницата на ФФМ, затоа што одеднаш снемало електрична енергија во сегментот каде се поставени телевизиските камери. ФК Работнички прашува дали ова е свесна режија во која клубот повторно треба да биде драстично оштетен и да го загуби натпреварот?
Како клуб кој вложува големи финансиски средства во натпреварувањето во 1.МФЛ, сакаме да го истакнеме катастрофалното судење на главниот судија Васко Мавров и неговите асистенти“.

Да биде лакрдијата поголема, Силекс победи со 4:3 и тоа со два гола постигнати од белата точка. И на двата луѓето од Работнички имаат замерки.

„Четвртиот гол на Силекс, постигнат во 95. минута, е апсолутно нерегуларен затоа што топката е излезена во гол-аут и потоа вратена во поле, а Бурхан Мустафов постигнува гол. При вториот гол на ФК Силекс во 50. минута, напаѓачот Урош Ѓуриќ игра со рака во петерецот на Работнички, судијата Васко Мавров не реагира, а домашниот тим постигнува гол преку Денис Ристов. Првиот досуден пенал за ФК Силекс во 28. минута е крајно сомнителен, со оглед дека ниеден фудбалер на ФК Работнички нема старт кон противничкиот фудбалер. Судијата Васко Мавров покажува на белата точка. На вториот досуден пенал за ФК Силекс, во 78. минута, претходи класичен прекршок над фудбалер на ФК Работнички кој судијата Васко Мавров не го санкционира. Во продолжението на акцијата тој досуди пенал за домашниот тим“.

Remote video URL

„ФК Работнички инсистира овој скандал итно да биде расчистен од Натпреварувачката и од Судиската комисија на ФФМ“, заврши соопштението на „Црвените“.

Знаејќи ги досегашните искуства, ФФМ може единствено да ги казни судиите, што за Работнички нема да значи ништо бидејќи бодовите се веќе загубени и легнати на контото на Силекс. „Правдата“ во Кратово ја делеше Васко Мавров, а му помагаа Стојан Костадинов (Струмица) и Тоше Ицев (Кавадарци), додека четврти судија беше Стојанче Трпчевски (Кавадарци).

URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе