Во Македонија има ниска медиумска и политичка култура на интернет

Скопје, 26 април 2018 (МИА) - Во Македонија има ниска медиумска и политичка култура на социјалните медиуми. Најчести проблеми на социјалните мрежи се нетолеранцијата, говорот на омраза, дезинформирањето и лажните вести, а за да се спречи оваа појава потребно е паралелно да се работи и на планот на комуницирањето и на културата и менталитетот.

Ова се заклучоците од денешната конференција „Права и обврски при комуницирање на интернет“, на која се говореше за тоа како се употребува и злоупотребува слободата на изразување на Интернет.

Сеад Џигал, експерт за медиумска писменост и социјални медиуми, вели дека влијанието на телевизијата е се уште големо, односно околу 80 проценти од граѓаните се информираат преку телевизијата, додека двојно помалку, иако таа бројка расте, 45 до 50 отсто од луѓето се информираат преку Интернет.

- Телевизиите и весниците веќе се интегрираат со онлајн платформите, и преку нив се обидуваат да го зголемат досегот на своите информации. Информирањето преку телевизии и информирањето преку Интернет ќе се претопат во еден нов вид интегрирано информирање, каде што дигиталните уреди кои сите ги користиме ќе бидат примарен канал од кои што ќе добиваме информации и токму во тој контекст треба да се стави подемот на социјалните мрежи, вели тој.

Според него, Интернетот во информирањето нема да ја престигне телевизијата, туку тие ќе се интегрираат во една дигитална платформа и во тој контекст треба да се гледаме сериозноста на влијанието на социјалните мрежи.

Оцени дека во Македонија најчести проблеми на социјалните мрежи се нетолеранцијата каде доминира политичката, верска, етничка, нетолеранција, говорот на омраза, дезинформирањето и лажните вести.

- Комуникацијата произлегува од општеството, општеството е базирано на културата, така што мора паралелно да се работи и на планот на комуницирањето и на културата и менталитетот, рече Џигал и додаде дека е потребно и поддршка од граѓанскиот сектор во дополнителното и неформално образование, професионални медиуми...

Билјана Петровска директорка на МИМ вели дека традиционалните медиуми ги обвинуваат на некој начин социјалните мрежи за своевидно монополистичко однесување и преземање на приходите од рекламирањето.

- Од друга страна немањето одговорност за јавниот интерес, за етиката во јавната комуникација, ширењето на говорот на омраза, особено во услови кога се знае дека новинарството, сфатено како јавно добро, е во длабока криза во светски рамки, и тоа и од економски и од аспект на влијание во општеството - наголемо се шират дезинформации, невистинити, лажни вести на социјалните мрежи, за кои за жал се уште не може да се најде ефикасен лек, оцени Петровска.

Истакна дека дел од ова се и политичарите, кои се обидуваат на еден дрзок и безобразен начин да го користат овој систем за спроведување на нивните агенди, со крајна цел освојување гласови и потоа остварување на влијание на начин на којшто потоа тие самите ќе треба да учествуват во политики во кои треба да се справуваат со овие проблеми.

Стандардите на Советот на Европа во однос на слободата на изразување онлајн и механизмите  за заштита што функционираат во европските земји ќе ги претстави Надиа Беларди, експертка на Советот на Европа за прашања поврзани со слободата на изразување.

Според неа, во дигиталните медиуми се случува своевиден „информативен неред“, односно социјалните медиуми се комерцијални сервиси наменети на монетизација на ангажманот и податоците на корисниците.

Вели дека пропагандата отсекогаш постоела, но сега се шири побрзо и е поштетна.

- Медиумските организации не прават доволно за да ги заштитат новинарите таргетирани од говорот на омраза, а „лошите закони“ кои го регулираат говорот на омраза може лесно да се злоупотребат и да се користат за ограничување на слободата на медиумите, вели Беларди.

Конференцијата се организира во рамки на заедничкиот проект на ЕУ и на Советот на Европа - „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе