Во Македонија референдум, во Грција ратификација на Договорот од Преспа

Скопје, 16 јули 2018 (МИА) - Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас викендов изрази уверување дека Договорот од Преспа ќе биде поддржан од мнозинството пратеници во грчкиот Парламент, а во Македонија се очекува политичките чинители да се договорат околу одржувањето на референдумот, а со тоа и за новиот состав Државната изборна комисија (ДИК).

Шефот на грчката дипломатија Коѕијас во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ изрази увереност дека договорот од Преспа ќе добие зелено светло од пратениците во грчкиот Парламент, па дури и од некои пратеници од Независни Грци, на што реагираше портпаролот на „Независни Грци“ дека ставот на Владата официјално го изразува владиниот портпарол, а се останато се лични проценки.

Политичките чинители во Македонија во периодот што следи треба да се усогласат околу новиот состав на ДИК која треба да ги спроведе сите неопходни активности за претстојниот референдум. Нејзиното формирање е условено од опозицијата со донесување на законот за финансирање на политичките партии и законот за влада. На протестниот марш организиран вчера во Кавадарци, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати критики до Владата за нејзините политики, барајќи и предвремени парламентарни избори.

За Владата, пак, со добивањето покана за пристапни преговори за членство во НАТО и очекувањата за ЕУ во јуни 2019 година се остварени стратешките цели на државата.

Премиерот Зоран Заев на прославата во Битола организирана по повод добивањето покана за пристапни преговори за членство во НАТО изјави дека се остварени заедничките стратешки цели и ја повика опозицијата да се издигне над поделбите и разликите.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more
 

Вести

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе