Во „Македонско село“ младите претприемачи ќе отвораат сопствен бизнис без плаќање режиски трошоци

Северна Македонија да стане регионален акцелератор за старт ап, а во поранешното „Македонско село“ младите претприемачи од земјава и странство да имаат можност да отворат сопствен бизнис без да плаќаат режиски трошоци, се дел од плановите што Владата најавува дека ќе ги реализира во следниот четиригодишен мандат.

Плановите се со воведувањето на акцелераторот во рок од шест месеци од објавата на првиот повик, да се прошири опфатот на апликанти и на земјите од Западен Балкан, а со соодветни критериуми за аплицирање, да се стимулира поврзувањето на бизнис идеите од повеќе земји од регионот и да се прошири „стартниот“ пазар од 2 на 17 милиони потрошувачи.

Како модел за реализација на програмата и следење на проектите ќе се користи постојниот модел на поддршка на старт-апите и акцелераторите, кој беше применет во изминативе две години.

Со цел да се поттикне претприемачкиот и иновативниот дух кај младите, Владата планира искуството од идејата „Македонско село“ да прерасне во „Старт ап село“ да се примени и во пет градови низ државата со можност за co-working на посебни државни локации.

Најавите од новиот владин состав се во следниот четиригодишен период да продолжи и инвестирањето во научно-технолошкиот парк за кој активностите почнаа во март 2019 година со цел тој да биде целосно функционален во 2025 година. Проценетата вредност на инвестициите во физичка инфраструктура, според Студијата за изводливост подготвена од експерти од ЕК, реализирана за потребите на Фондот, изнесува околу 80 милиони евра. Во него се веќе пилотирани програмите дигитализација на општеството и трасфер на технологии. Изработен е и идеен проект за нов простор за старт-ап компании што треба да се реализира во текот на оваа година.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе