Музика

Во март ќе биде претставен албум со необјавени песни од Џими Хендрикс

6. декември 2017 - 20:02 | М.Д.

Необјавени песни од легендарниот Џими Хендрикс, снимени во периодот меѓу 1968 и 1970 година, ќе бидат објавени следната година.

Experience Hendrix и Legacy Recordings најавија денеска дека албумот на Хендрикс „Both Sides of the Sky“ ќе биде објавен на 9 март 2018 година.

На албумот се наоѓаат 13 нумери, а во нив се и 10 кои никогаш порано не биле објавени.

Џими Хендрикс почина во 1970 година на само 28 годишна возраст. Новиот албум е трет дел од трилогијата од архивата на херојот на гитарската музика.

„Valleys of Neptune“ беше издаден во 2010 година, а „People, Hell and Angels“, во 2013 година.

Еди Крејмер, кој работел како инженер на звукот на секој албум кој Хендрикс го снимил во текот на својот живот, во едно интервју изјавил дека 1969 година била многу експериментална година за Хендрикс.

„Прво ја ставате касетата и слушате, а потoа почнувате да се ежите од глава до пети. Потоа помислувате, о Боже ова е премногу“, вели Крејмер.

Многу песни од новиот албум ги снимила групата „Band of Gypsys“, во која покрај Хендрикс биле и Бади Мајлс и Били Кокс. Стивен Стилс свири во две песни – „$20 Finе“ и „Woodstock“.

Крејмер нагласи и дека постојат и снимки од настапи на Хендрикс и аудио и видео, кои исто така планираат да ги објават.

Коментирај