Во Маврово 87 сантиметри снег, најстудено на Попова Шапка

Скопје, 12 јануари 2019 (МИА) – Најниска температура во Македонија изутрина во седум часот е измерена на Попова Шапка, каде се регистрирани -15 степени. Минус 13 степени се измерени во Берово, -10 во Штип и во Крушево, -9 Маврово, Лазарополе и  Струмица, -8 Крива Паланка Паланка, -7 Охрид и Демир Капија, -6 Пожаране, Тополчани, Битола, Ѓуриште, Виница и Дебар, -5 Тетово, Прилеп и Скопје-Петровец, -4 Претор, Скопје-Зајчев Рид и Куманово, – 2 во Дојран, 0 Гевгелија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Најмногу снег има во Маврово, каде висината на снежната покривка изнесува 87 сантиметри, по што следат Пожаране со 49, Лазароиполе со 48, Попова Шапка со 47.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини претпладне со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6 степени.  Во Скопје претпладне со слаба магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

И утре ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, повеќе застапени во западните и северните делови.

Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе