Во МЕПСО незаконски си поделиле дупло К-15 и повисоки отпремнини за пензија

Вработени во АД „МЕПСО“ си поделиле регрес за годишен одмор за 2016 година, кој го надминува законскиот лимит, покажа анализата на државниот ревизор, кој изразува неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи.

Од проверката на извештајот произлегува дека надзорниот одбор, донел одлука за исплата на популарното К-15, но износот, бил исплатен спротивно на Законот за плата. „Исплатен е регрес за годишен одмор од 22.256 денари, врз основа на одлука на Надзорниот одбор“, пишува во образложението.

Надоместокот за регрес за годишен одмор е утврден во висина од најмногу 60% од просечната месечна нето плата по работник во државата, за последните 3 месеци.  Според ревизорите, таа сума би требало да изнесува 13.088 денари.  „Вака утврденото право за регрес на годишен одмор предизвикува да бидат исплатени 5 милиони и 143 илјади денари над законското утврдено право“, напишале ревизорите во извештајот.

Тие притоа утврдиле дека биле исплатени средства за отпремина за заминување во пензија во износ од 5 просечни месечни нето плати, но утврдениот износ кој бил исплатен не бил во согласност со Законот за исплата на платите во државата. За оваа основа незаконски биле исплатени 723 илјади денари. Од МЕПСО на ревизорите им одговориле дека според нив, нема потреба овие забелешки да стојат во извештајот. Тие се повикале на одредби, според кои, исплатите кон вработените ги правдаат како законски.

Државната ревизија утврдила и дека за милион и 858 илјади денари, членови на Управниот одбор не приложиле докази за трошоци за репрезентација. Ревизорите детектирале и спорни моменти и во правењето на фасадата на МЕПСО. Констатирани се низа недостатоци и пропусти, нема анекс-договори за извршени дополнителни услуги, објектот не е осигуран, а според информациите од надзорот, за завршување на градежните работи, потребни се уште 27 милиони и 557 илјади денари. За 95 недвижни ствари АД МЕПСО не обезбедил имотни листови. Реализацијата на склучени договори со меѓународните кредитори не се извршувала во согласност со законските рокови, при што за ненавремено повлечените средства, била наплатена провизија од 693 илјади евра.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Македонија

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Read more
 

Вести

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе