Во мистериозната кутија во Сити мол се криеше – Новата А-Класа

Со спектакуларно откривање и несекојдневна презентација, Мак Аутостар, генерален застапник на Mercedes-Benz во Р. Македонија ја претстави новата A-Класа, повторно револуција во автомобилската индустрија – првиот Mercedes-Benz автомобил кој е способен да зборува со возачот и да ги учи неговите желби и навики. Ова е овозможено благодарение на новиот систем - Mercedes-Benz User Experience (MBUX), со кој Mercedes најавува нова ера на дигиталната комуникација.

Првиот разговор со новата А-Класа го направи секогаш шармантната Викторија Лоба, која воедно и детално го претстави новиот автомобил, за кој истакна дека е најаеродинамичниот во својата класа и со најмногу вградени системи за безбедност во светот.

Што се однесува до технолошката напредност, луксузот и удобноста, таа ја презентираше внатрешноста на автомобилот кој веќе нема класична инструмент табла, туку има два дигитални екрани со големина од 10 инчи и може да се ракуваат со допир, потоа внатрешност што може да се обои во 64 различни бои, а за оние што сакаат вистинско уживање може да нарачаат масажери, вградени во седиштата.

Лоба зборувајќи со Mercedes A-Класата, преку едноставни изговорени реченици, успеа да ја прилагоди температурата во возилото, да избере омилена радио станица, да направи телефонски повик или да го отвори сончевиот покрив.

Инаку, новата A-Класа е претставена на јавноста, откако претходно беше скриена во мистериозната црна кутија со тајмер, а која предизвика огромно внимание во јавноста и на социјалните мрежи.

„Доаѓањето на нешто сосема ново, како што е Mercedes А-Класата, автомобил што зборува со возачот значи поинаков начин на размислување, а тоа е симболиката на ова претставување, да се размислува Out of the box”, изјави директорот за маркетинг на Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.

На следниот линк се достапни повеќе информации за новата Mercedes A-Class.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе