Во МРТ нема промени – Марјан Цветковски повторно избран за директор

Стариот програмски совет на Македонската радио-телевизија на одржаната седница за нов извршен директор повторно го избра Марјан Цветковски, а за негов заменик Харун Ибраими.

На Цветковски мандатот му истекува во март годинава. Тој функцијата генерален директор ја извршува во 2 мандата од 2012 година.

Тој лани им напиша писмо на премиерот Зоран Заев и на амбасадорот Џес Бејли во кое вели дека подолг период сметката на јавниот сервис е блокирана поради неподмирени обврски.

Македонската радио-телевизија не ги емитува бомбите иако лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, тогаш им достави цедеа со овие записи. Тогашниот директор на МРТ, Марјан Цветковски, изјави дека уредувачката политика на телевизијата не може да се управува според барањата на седумдесетина граѓани кои, како што рече, имаат свои цели. На новинарско прашање за содржината на 24-та бомба во која се слуша како врвот на ВМРО-ДПМНЕ решава кој ќе се вработи во МРТ, Цветковски тврдеше дека функционери од таа партија од него никогаш не побарале прилог по нарачка.

Актуелното раководство на МРТВ пред Нова година објави и интерен оглас за одговорен уредник на првиот програмски сервис, на местото на Диме Ратајковски, кој самиот поднесе оставка.

Според конкурсот, кандидатите покрај другото, треба да поднесат програма за работа на МРТ за три години и да имаат над пет години работно искуство во комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото. Мандатот на новиот директор и заменик-директор на МРТ ќе трае три години со можност за реизбор.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе