Во нас имаме „зомби клетки“: Живи се, но не работат

Оштетувањето на краевите на хромозомите во човечкото тело може да создаде „зомби клетки“ кои сè уште се живи, но не можат да функционираат.

Кога клетките се подготвуваат за делба, нивната ДНК е цврсто обвиткана околу протеините за да формираат хромозоми, кои обезбедуваат структура на генетскиот материјал. На краевите на овие хромозоми се наоѓаат теломерите, кои создаваат еден вид заштитна структура за да се спречи оштетување на генетскиот материјал.

Сепак, теломерите се скратуваат секојпат кога клетката се дели. Ова значи дека, како што старееме и како што нашето тело се подложува на зголемен број на клеточни делби, теломерите стануваат пократки и помалку ја штитат нашата ДНК. Оштетувањето на генетскиот материјал може да доведе до мутации кои предизвикуваат неконтролирана клеточна делба, односно појава на рак.

„Зомби клетки“

Кога клетките почнуваат да личат на „зомби“, тие престануваат да се делат и поминуваат низ процес наречен клеточно стареење. Бидејќи тие всушност не умираат, овие стари или „зомби клетки“ се наталожуваат во телото со текот на годините. Тие можат да бидат корисни за здравјето преку промовирање на стареењето на блиските клетки кои се изложени на ризик да бидат канцерогени и со привлекување на имунолошките клетки да ги исчистат клетките на ракот.

Од друга страна, овие клетки можат да го отежнат заздравувањето на ткивата и функцијата на имунолошкиот систем, а лачат хемикалии кои промовираат воспаление и раст на туморот, пишува The Conversation.

Научниците од Универзитетот во Питсбург сакаа да видат дали директното оштетување на теломерите промовира стареење и создавање на „зомби клетки“. Тие прикачиле одреден протеин на теломерите на човечките клетки, а потоа го обоиле со боја што го прави чувствителен на светлина.

Потоа му вперија светлина на бранова должина малку пократка од инфрацрвената, што го натера да произведе кислородни слободни радикали, високо реактивни молекули кои можат да ја оштетат ДНК, токму кај теломерите.

„Откривме дека директното оштетување на теломерите е доволно за да се претворат клетките во зомби, дури и кога теломерите не биле скратени. Причината за ова е веројатно нарушувањето на репликацијата на ДНК на теломерите, што ги прави хромозомите уште почувствителни на оштетување или мутации“, велат научниците.

Зошто е тоа важно?

Теломерите природно се скратуваат со возраста. Тие го ограничуваат бројот на пати кога ќелијата може да се подели со сигнализирање на клетките да се претворат во „зомби“ кога ќе достигнат одредена должина.

Но, вишокот слободни радикали произведени од нормалните процеси на телото, како и изложеноста на штетни хемикалии како што се загадувањето на воздухот и чадот од тутун, може да доведе до состојба наречена оксидативен стрес, што може да го забрза скратувањето на теломерите.

Ова, пак, може да го активира процесот на стареење предвреме и да придонесе за болести поврзани со стареењето, вклучувајќи имунодефициенција, васкуларни заболувања, метаболички болести и рак.

Новото истражување покажа дека теломерите не служат само како аларми кои спречуваат прекумерна клеточна делба, туку и како предупредување за штетното ниво на оксидативен стрес. Скратувањето на теломерите не е единственото нешто што го поттикнува стареењето; За ова може да придонесе и оштетувањето на теломерите.

Научниците сега истражуваат третмани кои можат да ги заштитат теломерите од оштетување и да спречат акумулација на „зомби клетки“.

Бројни студии на глувци покажаа дека отстранувањето на таквите клетки може да го промовира здравото стареење преку подобрување на когнитивната функција, мускулната маса и функција и закрепнување од вирусни инфекции. Истражувачите исто така развиваат лекови наречени сенолитици кои можат или да ги уништат „зомби клетките“ или да го спречат нивното развивање.

Истражувањето Telomeric 8-oxo-guanine drives rapid premature senescence in the absence of telomere shortening беше објавено во списанието Nature Structural and Molecular Biology.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе