Во негов стил: Како реагираше Трамп на импичментот?

По историскиот момент во кој Конгресот на САД изгласа импичмент, односно отповикување на 45. Американски претседател Доналд Трамп, тој во негов стил и оваа одлука ја коментираше како да му оди во негова корист.

Иако формално е обвинет за злоупотреба на положбата и попречување на работата на Конгресот, тој зборувајќи на предизборен собир во Мичиген во текот на гласањето во Конгресот, случајот го претстави како пример за засилување на Републиканската партија.

Трамп, кој сака да освои втор претседателски мандат на изборите во ноември 2020 година демантираше дека прекршил закони и процесот го нарече „лов на вештерки“. Тој рече дека процесот на отповикување е „срамен жиг“ на демократите и на Ненси Пелоси, по цена на изборите во 2020 година.

Во еден од многубројните твитови пред гласањето Трамп порача: „Може ли да верувате дека денес ќе ме отповика радикалната левица, демократите кои ништо не работат, а не направив ништо погрешно! Страшно! Читајте ги транскриптите. Тоа не би смеело да му се случи друг пат  на некој претседател. Молете се!“.

По гласањето рече дека Републиканците никогаш не биле така обединети како сега, додаде дека не е загрижен и дека всушност добро се забавува.

„Тројца демократи минаа на нашата страна, тоа е невидено“, нагласи Трамп. „Ги познавам сенаторите, тоа се прекрасни мажи и жени. Тие ја сакаат оваа земја, ќе ја направат вистинската работа“.

Белата куќа по гласањето порача дека се убедени во тоа дека Трамп ќе биде ослободен од Сенатот.

Ниту еден претседател во 243-годишната историја на САД не е сменет од функцијата во овој процес. За тоа е потребно двотретинско мнозинство во Сенатот кој има 100 членови, што значи дека најмалку 20 републиканци би морале да им се придружат на демократите во гласањето против Трамп.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе