Во очекување на циклонот Борис: Европа се подготвува за најголемите поплави во последните децении

Макфакс
/ 13.09.2024 / 13:50

Централна Европа се подготвува за најтешките поплави во последните децении поради минувањето на циклонот Борис, кој се очекува овој викенд. Според чешките и полските метеоролози, во некои делови од нивните земји може да наврнат и до 400 литри дожд на квадратен метар во следните четири дена, а во Австрија и Словачка се очекуваат речиси 200 литри.

Културните настани закажани за викендов се откажани во тие четири земји поради предвиденото поминување на циклонот. Резервоарите за прием на вода, пред сѐ, во околината на браните, се испразнети за да може да се прими толкаво количество вода. Во Полска се објавени метеоролошки аларми за југот на земјата, пред сѐ за градовите на Одра, како Вроцлав и Ополе.

„Постои реален ризик од локални поплави в петок и в недела“, предупредија полските метеоролози.

Во Вроцлав, кој има 675.000 жители, Општината формира кризен штаб. Според чешкиот министер за животна средина, Петар Хладик, ситуацијата во земјата „може да биде слична на онаа од 1997 и 2002 година“.

Градовите во Моравија подигнаа бариери за поплави и подготвија вреќи со песок во пресрет на невремето, кое ќе биде придружено со ветрови до 100 километри на час. Откажани се десетици културни настани во регионот, вклучувајќи го и годишниот фестивал на виното, кој привлекува десетици илјади посетители.

Откажан е и Римскиот фестивал во Карнунтум, Австрија. Според австриската телевизија ORF, нивото на водата на Дунав би можело да се искачи на нивоа што не се забележани 5-10 години. Австрискиот канцелар изјави дека армијата е подготвена да распореди и до илјада војници доколку е потребно. Во состојба на готовност се и словачката армија и доброволните пожарникари.

Врнежите би можеле да бидат поголеми од оние што ја погодија Централна Европа во 2013 година, кои тогаш се сметаа за најлоши во последните илјада години, предупредува словачката метеоролошка служба imeteo.sk. Со движењето на студениот бран низ Европа кон исток падна и првиот снег на словенечка Кредарица.

Невремето предизвика најмногу проблеми на словенечкото крајбрежје. Во словенечка Истра за само неколку часа наврна повеќе дожд отколку што обично паѓа во текот на целото лето, пренесуваат локалните медиуми.

реклама

СМС пораката која стигна до граѓаните е тест за масовно известување во кризни состојби

Read more

Како никогаш не треба да чистите паркет и ламинат во домот

Read more

Словенците развија мотор што го претвора секој автомобил во ѕвер

Read more

Мистеријата на снимката од падот на индискиот Boeing во кој загинаа 260 луѓе

Read more

Свет

Мистеријата на снимката од падот на индискиот Boeing во кој загинаа 260 луѓе

Read more

Синот на Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна

Read more

Путин жестоко нападна во близина на границата со ЕУ

Read more

Абориџинските петроглифи се вклучени во списокот на светско наследство на УНЕСКО

Read more
 

Вести

Мистеријата на снимката од падот на индискиот Boeing во кој загинаа 260 луѓе

Читај повеќе

ФЗО ќе покрива шест бесплатни обиди за вештачко оплодување

Читај повеќе

Синот на Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна

Читај повеќе

Путин жестоко нападна во близина на границата со ЕУ

Читај повеќе

Nvidia вреди повеќе од Mercedes, Siemens, Deutsche Telekom и Volkswagen заедно

Читај повеќе

Абориџинските петроглифи се вклучени во списокот на светско наследство на УНЕСКО

Читај повеќе

Лавров пристигна во Северна Кореја

Читај повеќе

Воениот злосторник Шешељ ја промовираше книгата „Немаше геноцид во Сребреница“ во Белград

Читај повеќе

Aрсовска нападната во Чаир додека извршувала работни задачи: Побарала лекарска помош

Читај повеќе