Во ОЈО Скопје Боки 13 поднесува кривични пријави за најмалку 30 лица

Во Основното јавно обвинителство Скопје денеска Бојан Јовановски - Боки 13, продолжи со поднесувањето на кривични пријави на записник поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“.

Адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски посочи дека се поднесуваат кривични пријави за најмалку 30 лица.

Јовановски минатата недела почна со поднесувањето на пријавите, денеска продолжи, а како што кажа Дуковски, веројатно тоа ќе продолжи уште неколку дена.

– Се поднесуваат кривични пријави против повеќе лица, најмалку 30 лица и поради сериозноста на наводите во кривичните пријави од страна на пријавителот беше побарано непосредно вклучување на најрелевантните меѓународни институции за заштита на човековите права, особено на најрелевантните свестски амбасади кои имаат свои дипломатско-конзуларни претставништва во Република Македонија заради содржината на тоа што се изјавува, посочи Дуковски.

Тој наведе дека досега се поднесени 7-8 кривични пријави, истакнувајќи дека пријавуваат лица за конкретни дејствија коишто се поврзани со овие два кривични настани.

Делата, како што рече Дуковски, се поткрепени со писмени докази во голем обем и со вербални докази во кои се посочени на лица коишто биле непосредно присутни на тие дејствија.

На новинарското прашање, дали доколку има постапка Јовановски ќе сведочи, адвокатот одговори потврдно.

Дуковски кажа дека се поднесуваат и кривични пријави за кршење на човековите права на Јовановски, за нехумано и нечовечко однесување, за лица кои не биле директно вклучени во постапката.

Во однос на наводите дека му биле упатувани закани на Јовановски, минатиот пат кога даваше искази, Дуковски кажа дека поднел кривична пријава против непознат сторител за загрозување на сигурноста.

– Подготвен сум да соработувам со Обвинителството во секој момент за секоја понатамошна постапка којашто ќе го интересира Обвинителството во врска со тоа јавување, рече Дуковски.

Адвокатот на Јовановски минатата недела изјави дека пријавите се за функционери од државните институции, но и за лица надвор од нив. Притоа, посочи дека кривичните пријави се за дела злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура…

Јовановски во случајот „Рекет“ беше осуден на 9 години затвор, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби 7 години затвор.

Тагови
реклама

Бон Џови и покрај богатството пет дена неделно мие садови во ресторан

Read more

Русите објавија снимка од протерувањето на британскиот разурнувач

Read more

Најчестите грешки на возачите за време на летниот одмор

Read more

Џон Мекафи, творецот на антивирусната програма, пронајден мртов во затвор

Read more

Хроника

Приведени четири лица од Стајковци, нападнале вработен на бензинска станица

Read more

Двајца Грци и двајца Македонци обвинети за лажен стечај на фирма од Битола

Read more

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Read more

Тешко повредена велосипедистка во Охрид откако во неа удрил автомобил

Read more
 

Вести

Приведени четири лица од Стајковци, нападнале вработен на бензинска станица

Читај повеќе

Викендов ќе пристигнат 500.000 вакцини на Sinovac, утре уште 100.000 на Pfizer

Читај повеќе

Џафери ќе ги распише локалните избори на на крајот на јули или почетокот на август

Читај повеќе

Во Москва отпуштаат од работа лица кои не сакаат да се вакцинираат

Читај повеќе

Северна Кореја не сака никаков контакт со САД

Читај повеќе

Утре без струја делови од Аеродром, Кисела Вода и Илинден

Читај повеќе
  • play_arrow

Русите објавија снимка од протерувањето на британскиот разурнувач

Читај повеќе

Мал број заразени со коронавирус, учениците да се вратат во училиштата

Читај повеќе

Земјава во портокалова фаза, да се почитуваат мерките за заштита

Читај повеќе