Во организација на Архитектонскиот факултет ќе се одржи меѓународна научна конференција Градска Улица 6

Во организација на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – во среда на 25 септември 2024 година со почеток во 9 часот ќе се одржи 6. Меѓународна научна конференција – „Градска Улица 6“ и ќе трае до петок – 27 септември.

Научната конференција свечано ќе ја отвори Деканот на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а на неа ќе земат учество повеќе од 50 предавачи, истражувачи, архитекти, урбанисти и професори. На конференцијата како главни поканети говорници ќе настапат реномирани професори од Универзитетот „Харвард“ во САД, Техничкиот универзитет во Делфт, Холандија, Универзитетот „Лунд“ во Шведска, како и претставници од индустријата од Милано, Италија.

Конференцијата има за цел да ја нагласи улогата на архитектурата во создавање на дополнителни вредности, значења и квалитети на улицата како урбан и социјален феномен, засновани на потребите на заедницата кои ја надминуваат материјалната и комуналната инфраструктура, а сѐ повеќе се однесуваат на социјалните, економските, општествените и идентитетските прашања и процеси. Конференцијата вклучува истражувачи, професори, архитекти, урбанисти, планери, уметници и креатори на политики кои ќе ги споделат своите знаења и искуства во правење на поинклузивни градски улици, но одржливи и убави.

Конференцијата ќе се одвива со програма во четири панели со четири конференциски нагласоци со различни теми од областа на архитектурата:

  1. Улиците како инфраструктура на соживот;
  2. Патоказ – како правилно треба да се направи улица;
  3. Дизајнирање на улици за ефективно реагирање во итни случаи;
  4. Улиците како место за јавно дејствување.

На секој панел од Конференцијата, еминентни архитекти, урбанисти, истражувачи и професори од повеќе научни области, како и гости од земјата и странство, ќе дебатираат на различни теми со цел создавање на подобра иднина за градовите и заедниците низ целиот свет.

Во рамки на Конференцијата ќе биде отворена и изложба на фотографии од конкурсот насловен „Убавината е на улиците“ во среда (25 септември), во галеријата на Архитектонскиот факултет во Скопје со почеток во 18:00 часот.

Тагови
реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Не се јајца: Нутриционист откри кој е најздравиот појадок

Read more

Апасиев бара оставка од Тошковски по пожарот во Кочани: Фалц-лиценцата е обновена во ваше време

Read more

Адвокатот Марјан Витановски се откажа од одбраната на Љупчо Палевски Палчо

Read more

Архитектура

Европа во срцето на Блискиот Исток: Богата арапска земја создаде своја европска оаза во пустина

Read more

Најголемите мегапроекти кои ќе бидат завршени во 2025 година

Read more

Каде исчезна Гинисовиот лустер од хотелoт Југославија во Белград?

Read more

Toyota гради футуристички град во Јапонија, првите жители ќе пристигнат наесен

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Едноставно Дубаи чоколадо со урми и ф'стаци

Читај повеќе

Три навики кои тајно го саботираат слабеењето

Читај повеќе

Едноставни трикови за ослободување од непријатниот мирис по подготовка на риба

Читај повеќе

Навики што треба да ги усвоите ако сакате добро здравје на цревата

Читај повеќе

Дали сте сигурни дека правилно го дозирате детергентот за перење?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Крцкаво зачинето пилешко

Читај повеќе

10 намирници што се богати со фолна киселина

Читај повеќе
  • filter

Европа во срцето на Блискиот Исток: Богата арапска земја создаде своја европска оаза во пустина

Читај повеќе

Помалку познати симптоми кои укажуваат на анемија

Читај повеќе