Во Пацификот откриен најголемиот корал во светот

Научниците во Тихиот Океан Пацифик го пронајдоа досега најголемиот регистриран корал во светот, јавува BBC.

Мега коралите е збирка на бројни поврзани ситни суштества кои заедно формираат еден организам, а не гребен, кој би можел да биде стар над 300 години. Тим научници тврди дека е поголем од син кит, а бил откриен од видеограф кој работи на брод на National Geographic кој ги посетувал оддалечените делови на Пацификот за да провери како климатските промени влијаат на водното пространство.

„Отидов да нуркам на местото означено на мапата како локација на бродолом, а потоа забележав нешто“, изјави Ману Сан Феликс.

Го повикал својот син Иниго и заедно нурнале подлабоко за да истражат што видел.

„Гледањето на коралите, кои се наоѓаат на Соломонските Острови, беше како да гледам катедрала под вода. Бев обземен од емоции, чувствував голема почит кон нешто што останало на едно место и опстојувало стотици години. Ова било тука кога Наполеон беше жив“, додаде тој.

Научниците го измериле коралот со помош на тип мерна лента под вода и откриле дека е широк 34 метри, долг 32 метра и висок 5,5 метри.

Коралите често се нарекуваат „архитекти на морето“, тие можат да се здружат за да формираат огромни гребени каде живеат риби и други видови. Според Светскиот економски форум, коралните гребени исто така поддржуваат егзистенција на милијарди луѓе, туризам и риболов.

Овој примерок е пронајден во подлабока вода од некои корални гребени, кои можеби го заштитиле од повисоките температури на морската површина. Откритието беше објавено за време на разговорите за климатските промени COP29 на ОН во Баку, Азербејџан, чија цел е да се постигне напредок во борбата против климатските промени.

Требор Манемахага, министер за клима на Соломонските Острови, за BBC изјави дека неговата земја е горда на коралите.

„Сакаме светот да знае дека ова е посебно место што треба да се заштити. Ние најмногу се потпираме на морските ресурси за нашиот економски опстанок, така што коралите се многу важни. Тоа е клучно за нашата економија, треба да се погрижиме да не се експлоатира“, рече тој.

Малите островски држави како Соломонските Острови се исклучително ранливи на климатските промени. Манемахага рече дека од прва рака ги видел ефектите од глобалното затоплување, што предизвикува помоќни циклони и ерозија на крајбрежјето, што предизвикува куќите да завршуваат во вода.

Многу земји во развој бараат финансиска помош од богатите за да финансираат стратегии за борба против климатските промени. Манемахага тврди дека поголема помош овозможува да се отворат повеќе различни работни места, така што помалку луѓе работат во индустрии кои ги оштетуваат коралните гребени. Во моментов, сечата е голем дел од економијата на земјата, што носи помеѓу 50% и 70% од приходот од извозот на земјата. Од друга страна, предизвикува високо ниво на загадување на водата, што негативно влијае на коралите.

Научникот Ерик Браун тврди дека новооткриениот корал е во добра состојба.

„Иако блиските плитки гребени се деградирани од потоплите мориња, оваа голема здрава корална оаза во подлабоките води е светилник на надеж“, истакна тој.

Коралот е вид на Pavona clavus и е дом на ракчиња, ракови, риби и други морски суштества. Неговата старост значи дека обезбедува прозорец во историјата на минатите услови на океанот, а научниците сакаат да го проучат за да дознаат повеќе за неговиот раст.

Во извештајот се вели дека на 44% од коралите во потоплите води им се заканува исчезнување. Ова е зголемување за една третина од претходната проценка од 2008 година.

Тагови
реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Read more

Вести

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Научниците предлагаат нов начин за потрага по вонземен живот, постоечките вселенски летала би можеле да помогнат

Read more

Одиме на Марс: Мегаракетата Starship V3 ќе биде лансирана на 19 мај

Read more

Како да се ослободите од несакани пораки во Gmail?

Read more
 

Гик

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Читај повеќе

Научниците предлагаат нов начин за потрага по вонземен живот, постоечките вселенски летала би можеле да помогнат

Читај повеќе

Одиме на Марс: Мегаракетата Starship V3 ќе биде лансирана на 19 мај

Читај повеќе
  • filter

Scuf Omega: Новиот контролор за PlayStation 5 може да се користи и со PC, iOS и Android уреди

Читај повеќе

Samsung им објави војна на досадните реклами: Нова опција ги блокира апликациите што спамираат со известувања

Читај повеќе
  • play_arrow

WhatsApp овозможува анонимни разговори со Meta AI четботот

Читај повеќе

Како да се ослободите од несакани пораки во Gmail?

Читај повеќе

Африканскиот континент се цепи: Дали во новиот расед ќе се појави море?

Читај повеќе

Google во шок: Откриен првиот вирус создаден од вештачка интелигенција

Читај повеќе