Во полициска акција на 54 локации пронајдени поголеми количества дрога и оружје

Скопје, 21 септември 2019 (МИА) – Во координирана полициска акција на 54 локации во 24 градови пронајдени и одземени се поголеми количества дрога и оружје.

Во текот на вчерашниот ден, како што информира Сузана Прањиќ-Талевска, началник на Одделение за информации од јавен карактер при Министерство за внатрешни работи, од страна на Бирото за јавна безбедност, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција, сите осум сектори за внатрешни работи во државата во соработка со Одделот за специјални полициски операции и во координација со основните јавни обвинителства била спроведена координирана полициска акција со цел спречување на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога на територијата на цела Република Северна Македонија.

Таа истакна дека по претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности со наредба од судија на претходна постапка во текот на вчерашниот ден биле реализирани симултани претреси во вкупно 24 градови на дури 54 различни локации, додека пронајдените и одземени количини на наркотична дрога и пронајденото оружје се веќе предадени на вештачење.

– Од досега спроведените мерки и активности на МВР за борба против уличното дилерство во текот на изминатите два месеца на територијата на Република Северна Македонија запленети се вкупно околу 22 килограми марихуана, над 500 стебла од марихуана, семки од канабис, кокаин, хероин, хашишово масло, околу две илјади милилитри метадон, околу 200 парчиња таблети МДМА и екстази. Покрај ова, одземени се три пиштоли, една ловна пушка, една рачна бомба кашикара, 56 куршуми од различен калибар, по четири ваги и дробилки, како и седум патнички моторни возила и еден мотоцикл, рече Прањиќ-Талевска.

За овие кривични дела, како што истакна, поднесени се 30 кривични пријави против 36 лица, од кои во 18 е одредена мерка притвор и една мерка на претпазливост, додека за едно лице е распишан и централен распис.

Прањиќ-Талевска информира дека активностите на МВР во борба против уличното дилерство ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе