Свет
17 луѓе починаа

Во последните 24 часа двојно повеќе починати од корона вирусот во Кина

22. јануари 2020 - 18:11 | МИА

Бројот на смртни случаи поврзани со новиот тип на коронавирус во Кина се зголеми на 17, речиси двојно повеќе во последните 24 часа, истакнаа денеска официјални лица од кинеската провинција Хубеи, пишува ДПА.

Вирусот кој предизвикува симптоми слични на пневмонија, беше откриен кон крајот на декември во главниот град на провинцијата Вухан.

Кинеските власти претходно регистрираа 470 заразени лица низ цела земја, изразувајќи загриженост дека оваа бројка може да порасне во следните неколку дена, кога се очекува стотици илјади Кинези да се вратат дома за прославата на кинеската Нова Година, додаде германската агенција.

Случаи на заразени лица со коронаворусот се забележани и во Јапонија, на Филипините, во Јужна Кореја, Тајван, Тајланд и САД, како и на кинеските територии на Хонгконг и Макао.

Светската здравствена организација вечерва во Женева ќе свика итен состанок за да ја оцени опасноста од овој вирус.

Неколку земји ги зголемија контролите на границата со цел да се заштитат од ширењето на болеста. 

Коментирај