Во потрагата по Вања се вклучени стотина полицајци

Во потрагата по исчезнатото 14-годишно девојче досега се пребарани речно корито на Вардар, сите подрумски простории не само во околината туку и пошироко, добиени се информации од околните цркви и манастири, извести денес министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски. Исчезната Вања Ѓорчевска е најважниот приоритет на секторот за внатрешни работи и посебно формираниот штаб кој изминативе пет дена е во секојдневна комуникација со родителите, роднините, пријателите и соучениците.

„Секојдневно се преземаат низа активности. Вклучени се неколку стотини полициски службеници кои исклучиво работат на оваа проблематика. Предводени се од началникот на секторот за внатрешни работи и од помошниците началници, целото раководство е насочено кон оваа активност. Преземаме опсежни мерки. Искористување на сите можни капацитети за јавната безбедност кои што значат пред сѐ подигнување на камери. Преку 50 места со камери се преземени и прегледани. Целосно е во функција системот ‘Сејв сити’ каде што исто така се преземаат мерки. Сите податоци од телеком операторите кои може да бидат важни се прегледани. Десетици и десетици лица се преслушани за информации за овој настан. Преземени се електронските уреди од семејство и од девојчето, се вештачат, еден дел се земени податоците. Имаме одредени податоци од овие уреди кои може да бидат од помош на истрагата и целата постапка. Се пребаруваше и речно корито на Вардар, сите подрумски простори, не само во околината туку и пошироко. Се работеше на пребарување, односно добивање податоци информации од црквите и манастири кои се во близина на Скопје. Имаме опсежна активност и тука нема да се застане“, рече министерот Спасовски.

Министерот најави дека за исчезнатото девојче ќе информираат на дневна основа и апелираше да не се шират дезинформации оти наштетуваат на истрагата. Заедно со јавен обвинител ќе преземат мерки против сите кои досега рашириле лажни вести, за што многумина веќе биле повикани во полициските станици.

реклама

Убиството во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица

Read more

Елегантна и заводлива: Моника Белучи мамеше погледи во Дубаи

Read more

Еротски микс

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Македонија

Партиите од коалицијата „Влен“ размислуваат да се соединат во една партија по локалните избори

Read more

Семејството на Фросина Кулакова со порака до институциите

Read more

Георг Георгиев: Вклучувањето на Бугарите во Уставот ќе овозможи почеток на преговорите

Read more

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа

Read more
 

Вести

Партиите од коалицијата „Влен“ размислуваат да се соединат во една партија по локалните избори

Читај повеќе

Адмирал на НАТО: Украина нема да биде последната цел на Путин

Читај повеќе

Странци нема да смеат да купуваат имот во Австралија

Читај повеќе

Трамп: Оној кој ја спасува својата земја не крши ниеден закон

Читај повеќе

Тепачка на паркинг во Аеродром, уапсените на возраст од 19 до 27 години

Читај повеќе

Убиството во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица

Читај повеќе

Зеленски: Работиме на посебен договор со САД

Читај повеќе

Семејството на Фросина Кулакова со порака до институциите

Читај повеќе

Георг Георгиев: Вклучувањето на Бугарите во Уставот ќе овозможи почеток на преговорите

Читај повеќе