Во пресрет на финалето: Кои се фаворити за победник на Евровизија?

Кипар и Израел се главните фаворити за победа на вечерашното финале на овогодинешното издание на Евровизија, додека, според квотите на онлајн обложувалниците, Франција е веднаш зад нив.

Според податоците на сајтот http://Eurovisionworld.com, претставничката на Кипар, Елени Фуреира, има мала предност пред вечерното финале во однос на останатите учесници на Евровизија.

Нумерата „Fuego“, чиј ритам потсетува на стилот на славната Шакира или Бијонсе, во случај на победа носи околу два евра на влог од едно евро.

 

 

Првата фаворитка уште пред првото полуфинале во вторникот, израелската пејачка Нета, во обложувалниците е втор фаворит за победник.

Нејзината песна „Toy“ е повик за еманципација на жените, која добро се вклопува во духот на движењето #MeToo, со весела музика и танц.

 

 

Францускиот дует „Madam Monsieur“ е трет фаворит за победник, а ако тоа се случи и тие победат на евровизија, оние кои вложиле во нив ќе имаат околу 10 до 15 евра профит на секое вложено евро, во зависност од обложувалницата во која се обложиле.

Нивната песна „Mercy“ зборува за дете родено во мигрантски брод.

 

 

Финалето на 63 издание на Евровизија ќе се одржи вечерва во Лисабон.

Ќе се натпреваруваат вкупно 26 финалисти, а победникот ќе биде одлучен после комбинација на гласови на жирито и гледачи од 43 земји учеснички.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе