Каракас, 3 мај 2019 (МИА) – Четири лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во судирите кои избија по протестите во Венецуела изминативе денови, изјави синоќа шефот на невладината организација Форо Пенал, Алфредо Ромеро.
„Четири лица загинаа, 240 се уапсени, а над 300 се повредени за време на протестите одржаби на 30 април и 1 мај“, напиша Ромеро на Twitter.
Според податоците на неговата организација, две лица загинале во главниот град Каракас, а уште две во државата Арагуа. Две од жртвите биле малолетници.
Протестите започнаа во Каракас и други градови откако група припадници на војската застанаа на страна на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо.