Во првите три квартали од 2021 добивката на „Макпетрол“ е 20 милиони евра

Акционерското друштво „Макпетрол“ од Скопје во периодот од први јануари до 30 септември 2021 година оствари добивка по оданочување од 1.227,6 милиони денари, односно речиси 20 милиони евра. Ова претставува неколкукратно зголемување споредено со истиот период лани, кога профитот беше 231,2 милиони денари или околу четири милиони евра.

Зголемувањето на добивката во најголем дел е резултат на продажбата на акцијата во ГА-МА АД која се реализира на 25 август годинава преку „Македонската берза на хартии од вредност“. Со средствата од продажбата значително се подобри солвентноста на компанијата и се обезбеди значителен фонд за нови инвестиции.

Во текот на првите три квартали од 2021 година „Макпетрол“ го продолжи силниот инвестициски циклус и вложи преку 210 милиони денари или 3,4 милиони евра, како во реконструкција така и во изградба на нови малопродажни и големопродажни објекти. 

Континуираниот успех на компанијата и задржувањето на лидерската позиција децении наназад е резултат на посветеноста на вработените, кои се основната сила на „Макпетрол“. Компанијата постојано инвестира во развојот на своите вработени, како и во обезбедувањето на безбедни и здрави услови за работа. За своите заложби и инвестиции во здравјето и безбедноста на вработените, компанијата во 2021 година доби и две награди во рамки на повикот „Добри практики во областа на БЗР во 2020 година“.

Дополнително, во јули 2021 година, со одлука на Управниот Одбор, компанијата исплати регрес за годишен одмор во нето-висина од 30.000 денари, што е повисоко и од просечната исплатена нето-плата во државата. 

Како општествено одговорна компанија, „Макпетрол“ во текот на 2021 година продолжи да ги подржува иницијативите кои ја зајакнуваат заедницата преку донации. Како најзначајни може да се издвојат донираните 1.000 таблет-уреди во вредност од шест милиони денари за учениците во основните училишта ширум државата, како и 1,5 милиони денари во гориво за екипите кои пожртвувано ги гаснеа пожарите во летниот период.

- „Макпетрол“ оствари извонредно позитивен резултат што покажува дека Друштвото е во одлична состојба со очекувања истата и во следниот период да биде подобрена. Покрај добивката од продажбата на акцијата во ГА-МА, Друштвото оствари добивка од 8 милиони евра од своето редовно работење во првите три квартали од 2021 година, која е скоро дуплирана во споредба со 2020 година. Резултатите јасно покажуваат дека Друштвото успешно ја задржува својата лидерска позиција на пазарот и работи рентабилно во услови на пандемија, со тенденција на достигнување на пред-пандемските нивоа. „Макпетрол“ и во иднина ќе работи на остварување на својата долгорочна развојна стратегија со што ќе придонесе во зајакнувањето на домашната економија - истакнуваат од компанијата

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе