Во првото тримесечје преку МојДДВ скенирани 22.670.713 фискални сметки

Скопје, 1 октомври 2019 (МИА) – Вчера заврши првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ што се спроведува согласно Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица. Од воведувањето на мерката досега регистрирани се 170.378 корисници на апликацијата МојДДВ, скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е промет од 11.423.978.620 денари, вкупен ДДВ 1.241.434.628 денари, додека повратот на 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 186.215.194 денари, односно 3.028.000 евра, информира Управата за јавни приходи (УЈП).

- Ги известуваме граѓаните дека согласно Законот, средствата од повратот остварен во месеците јули, август и септември 2019 година ќе им бидат исплатени на нивните трансакциски сметки до крајот на декември 2019 година. Натаму ќе следува исплата во текот на месец февруари за месеците октомври, ноември и декември, во април за месеците јануари, февруари и март, во август за месеците април, мај и јуни и во ноември за месеците јули, август и септември, соопшти УЈП.

Од УЈП изразуваат задоволство од досегашната реализацијата на МојДДВ и додаваат дека податоците покажуваат оти мерката ги исполнува целите за кои е наменета – ги враќа парите кај граѓаните и ја намалува неформалната економија.

- Со воведувањето на МојДДВ, Управата за јавни приходи се потруди секој граѓанин кој ги исполнува условите да може непречено да го оствари правото на поврат. Покрај апликацијата МојДДВ што е достапна за преземање на паметните телефони преку Google Play Store и Apple Store, обезбедивме и киоск апарати во секоја организациска единица на УЈП, како и бар код читачи преку кои граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата МојДДВ може да ги скенираат своите фискални сметки. Три месеци сме во одлична соработка со граѓаните кои редовно пријавуваат нерегуларности поврзани со фискални сметки на линијата 198, а нивните сугестии значително помогнаа во унапредувањето на функционалноста на МојДДВ, посочуваат од УЈП.

На корисниците на МојДДВ сега им е достапна и веб апликацијата МојДДВ mojddv.ujp.gov.mk преку која граѓаните може да го проверат износот на повратот што ќе им биде исплатен на нивната трансакциска сметка, а имаат и можност за повлекување на фискални сметки што се скенирани погрешно.

- Со цел навремено и точно информирање на граѓаните за законските одредби, начинот на функционирање на апликацијата МојДДВ како и друга поддршка, Управата за јавни приходи креираше база на одговори достапна на веб страна на УЈП http://ujp.gov.mk/uploads/File/Baza...MOJDDV_24.07.2019.pdf и директна комуникација преку mojddv@ujp.gov.mk и info@ujp.gov.mk каде граѓаните редовно добиваат одговори и информации за МојДДВ, посочуваат од УЈП.

Најавуваат дека во наредниот период Управата ќе излезе со целосна анализа и податоци за мерката МојДДВ преку која, потенцираат, ќе се видат придобивките и во однос на намалувањето на сивата економија по нејзиното воведување.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе