Во пукање во Рим убиена пријателка на италијанската премиерка

Б.С.Б.
/ 12.12.2022 / 08:35

Во пукање во Рим е убиена блиска пријателка на италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Три лица се убиени, додека најмалку тројца се ранети во пукање кое се случило во текот на состанок на станари, во едно кафуле во Рим.

Според пишувањето на италијанските медиуми, 57-годишниот напаѓач бил во низа спорови со станарите на соседната зграда и редовниот состанок во кафуле го искористил како идеална можност за одмазда.

„Влезе во кафулето, ја затвори вратата и рече дека сите ќе нè убие. Потоа почна да пука“, вели еден од сведоците на настанот.

Напаѓачот бил совладан пред да пристигне полицијата. Во текот на пукањето, убил три жени меѓу нив и блиска пријателка на италијанската премиерка Џорџа Мелони, која преку објава на Facebook се збогува со неа.

„Николета Голисано беше мајка, искрена пријателка, силна и нежна жена во исто време. Исто така, беше професионалец со необично чувство на одговорност. Тоа чувство за одговорност ја одведе во неделата на местото каде дојде тој човек и ја уби. Николета беше моја пријателка, имаше сопруг Џовани и преубав 10-годишен син Лоренцо“, напиша Мелони.

Премиерката се надева дека осомничениот ќе биде соодветно казнет.

 

реклама

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Read more

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Ќе се гради нов Скопски саем

Read more

Свет

Силен земјотрес во Турција

Read more

Со кои светски лидери не се согласуваше папата Франциск и зошто?

Read more

Руски дрон нападна автобус со цивили во Украина, 10 мртви

Read more

Кој го води Ватикан до изборот на следен папа?

Read more
 

Вести

Консејсаун: За Интер не ни треба дополнителна мотивација

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Силен земјотрес во Турција

Читај повеќе

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство хоспитализирани уште 38

Читај повеќе

Скопјанец обвинет за демнење на поранешната сопруга

Читај повеќе

Директор на центарот за култура во Охрид ја оштетил установата за 150 илјади денари

Читај повеќе

Голема полициска акција на повеќе локации

Читај повеќе
  • play_arrow

Со кои светски лидери не се согласуваше папата Франциск и зошто?

Читај повеќе

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците

Читај повеќе

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Читај повеќе