Во Русија почна тестирањето на вакцината Спутник V Light

Првите учесници во испитувањето на вакцината против коронавирусот Спутник V Light се вакцинирани во Москва, изјави денеска заменичката-градоначалник на Москва задолжена за прашања од социјалниот развој, Анастасија Ракова.

– Согласно тоа како волонтерите ќе бидат подложени на прегледи, опсегот на вакцинација исто така ќе се зголеми. Активно се поднесуваат пријави од доброволци, при што 490 лица го поминале медицинскиот преглед за два дена, рече Ракова.

Light верзијата на Спутник V се состои од една доза и се верува дека ќе овозможи заштита, посебно од тешка форма на COVID-19, во текот на 4-5 месеци.

Ракова потсети дека волонтер може да биде секој постар од 18 години кој не бил болен и не бил позитивен на коронавирус, не примил вакцини во текот на последниот месец, нема антитела на коронавирус, нема алергиска реакција, нема хронични болести. Бремените жени и доилките не можат да учествуваат во студијата.

– Се претпоставува дека оваа вакцина ќе ја користат млади луѓе на возраст од 18 до 30 години, кои развиваат добар имунолошки одговор и развиваат доволно ниво на антитела при првата репликација. Спутник V Light во комбинација со Спутник V ќе овозможи повеќе можности за вакцинација, објаснува Ракова.

Таа потсети дека во Москва е планирано и испитување на назална вакцина против коронавирусот, а испитувањето не може да започне сè додека не се добие одобрение од Министерството за здравство на Русија. Како што вели таа, назалните форми на вакцини веќе постојат, на пример, вакцините против грип.

„Лесната“ верзија на Спутник V доби дозвола за клинички испитувања на 11 јануари од руското Министерство за здравство. Истражувањето се спроведува на 150 волонтери и се изведува во три медицински установи. Според веб-страницата на државниот регистар, која содржи одобренија за истражување од руското Министерство за здравство, целта на клиничките испитувања е да се процени безбедноста, толеранцијата и имуногеноста на вакцината Спутник Light во врска со спречување на инфекција од коронавирус.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека постои „лесна“ верзија на руската вакцина против COVID-19. Тој изјави дека оваа вакцина ќе има пократок ефект, но дека ќе овозможи вакцинирање на поголем број луѓе.

– Ако некое лице се разболи по примената „лајт“ вакцина, нема да развие тежок случај на COVID-19. Вирусот нема да се спушти во белите дробови, тој ќе биде само како мала настинка, рече Александар Гинтсбург, шеф на Гамалеја, која ја разви вакцината.

Тој, исто така, објасни дека оваа вакцината ќе може да се стави во употреба брзо по почетокот на клиничкото испитување, со оглед на тоа дека не е потребно многу да се менува технологијата бидејќи во поедноставената верзија ќе се користи првата компонента од оригиналната вакцина.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Read more
 

Вести

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе