Најмалку 36 цивили загинаа во руски напад од воздух во сириската северозападна провинција Идлиб, соопшти Сирискиот центар за човекови права, со седиште во Лондон.
„Меѓу загинатите има и две деца“, соопштија претставници на Опсерваторијата, дополнувајќи дека нападот се случил во саботата.
Тоа е најкрвав напад врз цивили откако Идлиб беше прогласен за зона на деескалација. На 15 септември Русија, Турција и Иран се согласија за формирање зона на деескалација во Идлиб и област под контрола на опозициски сили во северна Сирија.