Во сабота 10-то издание на Рудар рок фест во Пробиштип

Оваа сабота (24 август) на задоволство на сите љубители на хард рок музиката ќе се одржи јубилејното 10-то издание на Рудар рок фест во Пробиштип.

„Со оглед на препознатливоста на нашиот град преку рударството, хард-рок музиката е културен и уметнички израз преку кој на најавтентичен начин може да олицетвори оваа тешка дејност. Рударската професија ја карактеризира јаката човечка волја која доаѓа во костец со карпестото сивило. Во тој напор на рударот и во таа спрега со тоа сивило се претопуваат вредните метал-и и не-метал-и. Строгоста, тежината и сериозноста на оваа дејност создава длабока и силна човечка егзистенција. Рударот е опкружен со тврдите и високи тонови произведени од железните машини и тешките алати кои му се придружник во рудниците. Звуците создадени од судирот помеѓу чудовишните машини како движењето на лифтот, пискотниците на вагоните низ шините, бушењето на бургиите во карпата, наоѓаат свој креативен израз во соло изведбите на гитарата.  Ударите на чеканот, протокот на рудата низ шутовите, бучноста од движењето на скреперите, сето ова произведува ритмови за бас. Татнежите од експлозиите и грмливиот пад на рудата се предмет за обработка на звук за тапани. ДА, ТВРДИОТ РОК е најдобар начин, уметнички, да се изрази атмосферата на РУДАРСКАТА професија. Затоа ни е потребен РУДАР-РОК ФЕСТ“, пишува ореганизаторот.

За јубилејот ќе има богата програма, со гости и од странство. На Рудар рок фест 2024 ќе настапат:

The Big Deal (Смедерево, Србија)
Remote video URL
Cardinal Point (Врање, Србија)
Remote video URL
Inner Hate (Кичево, Македонија)
Remote video URL
Brokedown Band (Кавадарци, Македонија)
Remote video URL
Ширшаја (Скопје, Македонија)
Remote video URL

Фестивалот ќе се одржи во Градскиот парк во Пробиштип, а влезот е бесплатен. Посетителите ќе можат да си купат и маички од Рудар рок фест 2024, а дента од 12 до 17 часот во „City Cafe“ на Градскиот плоштад ќе се одржи и Првата берза на винили, ЦД-иња и касети во Пробиштип.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Ало Скопје, критично е!

Read more

Рускиот нафтен гигант на Путин го презема најголемото наоѓалиште на ретки минерали

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

МК сцена

Добив втора шанса за живот: Се огласи повредениот гитарист на ДНК

Read more

Прв акустичен концерт на Д.Н.О. по 20 години

Read more

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Заврши 30. Моден викенд Скопје: Бастион на новите идеи и дом за вљубениците во модата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Која е најчесто користената песна во филмови?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 актери кои глумеа исто во сите улоги

Читај повеќе

Харви Вајнстин низ солзи зборуваше за обвинувањата на Гвинет Палтроу

Читај повеќе

Која е најголемата желба на порно ѕвездата Анџела Вајт?

Читај повеќе
  • play_arrow

Фотограф „му го пукна филмот“ на Дензел Вашингтон во Кан

Читај повеќе

Џесика Бил не им дозволува на синовите да ги гледаат нејзините филмови: Не им треба тоа, премлади се

Читај повеќе

Дали Netflix треба да ви врати 200 евра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Netflix воведува AI реклами: Доаѓаат наскоро и ќе бидат генерирани само за вас

Читај повеќе