На ден 03.04.2021 година (сабота), во раните утрински часови, ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на главниот град Скопје.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
„Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, порачуваат од службата за дезинсекција.
Ова е прво прскање годинава со цел намалување на бројот на комарци кои во македонската престолнина стандардно се појавуваат во летниот период.