Во САД веќе има 7 милиони заразени со коронавирус

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, САД го преминале прагот од 7 милиони лица инфицирани со коронавирусот.

Откако пандемијата на почетокот најсилно ја погоди областа Њујорк, а потоа во текот на летото се префрли во југоисточниот и југозападниот дел од земјата, сега заразата се шири во градовите со многу помала популација во средишниот дел на земјата и тоа најчесто во нејзините конзервативни делови каде голем број жители се противат на носењето маски.

Ширењето на инфекцијата сега предизвикува нови проблеми во болниците, училиштата и универзитетите на Средниот Запад од САД.

Во САД просечно дневно се регистрираат по повеќе од 40.000 нови случаи на COVID-19. Тој број сега е значително помал од пикот што беше забележан во текот на летото, кога имаше по речиси 70.000 новозаразени дневно, иако и сега се тоа загрижувачки бројки.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во земјата токму оваа недела веќе надмина 200.000, што е највисока бројка во светот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе