Свет

Во Шпанија пронајдено безживотното тело на словачкиот конзул во Казахстан

16. јануари 2020 - 14:08 | МИА

Аликанте, 16 јануари 2020 (МИА) – Шпанската цивилна гарда ја истражува смртта на словачкиот конзул во Казахстан. Неговото тело било пронајдено во вторникот попладне во Ла Нусија, место во непосредна близина на Аликанте.

Според инфомации од локалните медиуми, телото на конзулот, целото облеано во крв, го пронашол вратарот од вилата. Првична претпоставка е дека непознато лице му задало силен удар во главата.
 
Телото на 53-годишникот било пронајдено во градината, покрај скалите од куќата што ја имал изнајмено. Куќата се наоѓала во населбата Мирамар, која е се наоѓа меѓу Ла Нусија и Аликанте, пишува весникот El País.
 
Истрагата е во тек. 

Коментирај