Тенис

Во Шпанија уапсени 83 лица поради местење резултати во тенисот

10. јануари 2019 - 13:46 | МИА
Мадрид, 10 јануари (МИА) – Шпанската полиција уапси 83 лица, од кои 28 професионални тенисери, поради местење резултати на фјучерс и челинџер турнири, објави Европол.

Како што се наведува, меѓу уапсените нив е и еден тенисер кој минатата година учествувал на УС Опен, и се сомнева дека вкупно наместил 97 натпревари.

Сè било организирано од криминална банда од Ерменија, која ги поткупувала тенисерите да влијаат на резултатите со цел финансиска добивка, а за да ја обезбедат работата дури и присуствувале лично на некои о дмечевите.

Во текот на операцијата за апсење во Шпанија, одземена е кеса со 167.000 евра, пушка сачмарка, поеќе од 50 електронски уреди, кредитни картички, пет луксузни автомобили, додека блокирани се 42 банкарски сметки.

Коментирај