Фит

Во што најчесто жените грешат во теретана?

14. септември 2018 - 13:06 | Б.С.Б.

Шона Верту некогаш била личен тренер на Дејвид Бекам, а сега ги открива најчестите грешки што жените ги прават во теретана.

1. Не креваат тешки тегови

И покрај тоа што е докажано дека е добро за жените да креваат тегови, Верту истакнува дека тоа има и добри психолошки ефекти.

„Ќе се чувствувате многу подобро од кревање тешки предмети. Мораме да бидеме силни, да носиме дете во едната рака, а лаптоп во другата. Жените денес мораат да бидат многу силни“, вели таа.

2. Губат време на вежби за затегање задник, стомак

Кога ќе почнете да пребарувате на интернет за тоа како да ги извајате рацете, стегнете стомакот и задникот или слично ќе наидете на празни ветувања односно вежби кои наводно ќе ви помогнат. Тоа што жените се обидуваат да го стопат салото на точно одреден дел од телото е губење време.

„Мораме да мислиме на телото како целина. Ако имате малку време, бирајте посложени движења, исчекори, склекови и чучњеви. Тоа ќе влијае на сите мускули, па ќе можете пократко да вежбате“, советува таа.

3. Слушаат совети од неквалификувани луѓе

Благодарение на социјалните мрежи секој кој има смартфон и фенси спортска облека може да се прогласи за фитнес инфлуенсер.

„Ништо не може да ги спречи луѓето на Instagram да ве советуваат да правите исчекор со скок до задутре, без никакво знаење за тоа. Честопати копираме тренинзи на други од социјалните мрежи, а потоа ги правиме погрешно. Не само што доаѓа до повреди на овој начин, туку нема ниту ефект ако се прават погрешно“, предупредува таа.

Коментирај