Во основа, разликите може да се сведат на следново - мажите се поповршни, жените се попрактични.

Кога станува збор за купување автомобил, веќе не важи стереотипот дека жените се емотивни купувачи кои можат да занемарат многу работи бидејќи, да речеме, им се допаѓала бојата на каросеријата.
Не само што опаѓа бројот на мажи кои избираат автомобили со рачен менувач, туку има и поинтересни заклучоци кога станува збор за изборот при купување возило.
Во основа, разликите накратко може да се сведат на следново - мажите се поповршни, жените се попрактични.
Во овој случај, стереотипот дека мажите можат да бидат порационални, а жените поемотивни не е точен. Напротив.
Интересно е што мажите имаат 20% поголема веројатност од жените да донесат одлука да купат автомобил поради бојата на каросеријата, а во 40% влијае репутацијата на самиот бенд.

За разлика од нив, жените обрнуваат 25% поголемо внимание на потрошувачката на гориво при избор на возило и 20% повеќе внимание на трошоците за сервис.
Женскиот прагматизам не завршува тука. Нивен приоритет е исто така простор во автомобилот и багажникот, како и безбедност, а не толку престижот и перформансите на возилото.
Мажите традиционално се повеќе преокупирани со она што се нуди под хаубата, а во 20% повеќе случаи тие успеваат да постигнат подобра зделка со продавачот.
Исто така, направена е споредба колку при купувањето автомобил влијае ставот на партнерот, односно партнерката. Имено, 50% од мажите признале дека имало влијание од нивните партнерки во нивната одлука да купат возило, додека партнерите влијаеле кај 39% од жените.
Ве покануваме да ги споделите вашите искуства на оваа тема во коментарите.