ОН: Во Сирија од студ починаа 29 деца при бегство од конфликтот

Дамаск, 31 јануари 2019 (МИА) – Најмалку 29 деца починале од студ во последните два месеца во Сирија кога многу семејства бегале од судирите в источниот дел на таа земја, соопштија денеска Обединетите нации.

Светската здравствена организација (СЗО) изрази „сериозна загриженост” поради хуманитарната ситуација, што се влошува во кампот Ал Хол во североистокот на Сирија, каде што има цивили, кои бегаат од конфликтот во провинцијата Деир Езор.

„Во текот на изминатите осум недели, најмалку 29 деца и новороденчиња починаа, повеќето од ‘смрзнатини’“, наведе СЗО, додавајќи дека за два месеца од Деир Езор избегале околу 23.000 луѓе, претежно жени и деца.

Арапско-курдскиот коалиција, со поддршка на меѓународната воена коалиција предводена од САД, во септември почна офанзива против единственото упориште на ИД во источниот дел на Сирија.

Таа коалиција освои големи делови од тоа подрачје. Во последниве неколку недели, неколку илјади луѓе ги напуштија своите домови поради конфликтот.

„Многумина одат пешки или се превезуваат со отворени камиони со денови во сред зима“, додаде СЗО.

Ситуацијата во кампот Ал Хол е критична, бидејќи бројот на примени цивили се зголеми тројно, од 10.000 на речиси 33.000 за помалку од два месеца, наведе организацијата.

Во сириската војна, кој почна во 2011 година, а која со текот на годините стана посложена со учество на странски држави и разни џихадистички групи, загинаа повеќе од 360.000 луѓе, а неколку милиони се раселени внатре во државата, или избегаа во соседните држави.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе