Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 9 мерки за возење без возачка дозвола, 7 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 8 мерки за користење мобилен телефон при возење, 3 санкции за некористење сигурносен појас, 3 мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.