Репрезентацијата на Сан Марино оствари победа по дури 20 година, а тоа знаеја лудо да го прослават во соблекувалната.
Со голот на 19-годишиот Нико Сенсоли популарните „Титани“ го победија Лихтенпштајн со минимални 1:0 и по цели 20 години конечно се израдуваа на победа. Интересно е што последната победа во април 2004 година им беше против истиот противник, но на пријателска. На официјален натпревар на било кое натпреварување на УЕФА и ФИФА, Сан Марино досега немаше остварено победа.
Санмаринците знаеја како тоа да го прослават, па соблекувалната личеше како кога Аргентина стана светски шампион. Е толку им значи оваа победа на фудбалерите на Сан Марино, репрезентација која е последна на ранг-листата на ФИФА и која конечно се очекува да скокне некое место.