Во Солун принудно слетал авион по пожар во пилотската кабина

Поради пожар во пилотската кабина, авион на компанијата Ryanair попладнево принудно слетал на аеродромот во Солун, а сите 164 лица, патници и членови на екипажот безбедно биле евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, во 17:45 часот авионот кој од Берлин летал за Атина, додека бил над Халкидики испратил сигнал за помош и побарал принудно слетување поради пожар во пилотската кабина, по што веднаш биле активирани сите предвидени протоколи.

Принудното слетување било успешно, а 157 патници, едно бебе и шест членови на екипажот безбедно го напуштиле авионот.

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека според информациите од Противпожарната служба на Грција во електронските системи во пилотската кабина имало знаци на пожар, а на аеродромот во Солун биле 20 пожарникари со девет возила, но не била потребна интервенција.

реклама

Регион

Разочараност во Русија од одлуката на Србија да купи кинески ракетен систем наместо С-300

Read more

Грчката Влада воведува нови шест мерки, се откажува Меѓународниот саем во Солун

Read more

Проекција: Каква штета би направила во Загреб експлозија како онаа во Бејрут?

Read more

Се зголемува бројот на заразени во Грција, регистрирани 203 нови случаи

Read more

Вести

Сончево со умерена облачност, температури до 35°C

Читај повеќе

Ахмети: Ќе зависи од волјата на двете страни за да имаме позитивен епилог во полза на државата

Читај повеќе

Либанската Влада поднесе оставка, но протестите продолжуваат

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Без договор за нова влада заврши средбата Заев-Ахмети, разговорите продолжуваат

Читај повеќе

Експлозија на гас во Балтимор, урнати неколку куќи, една жена загина

Читај повеќе

Разочараност во Русија од одлуката на Србија да купи кинески ракетен систем наместо С-300

Читај повеќе

109 нови случаи на COVID-19, еден починат

Читај повеќе

Грчката Влада воведува нови шест мерки, се откажува Меѓународниот саем во Солун

Читај повеќе