Хроника

Во сообраќајка во Струмица повредени шест лица

18. мај 2019 - 15:03 | МИА
Струмица, 18 мај 2019 (МИА) - Во сообраќајна незгода меѓу автомобили марка „ауди“ и „форд ескорт“ полесно се повредени шест лица, а меѓу нив и жена во поодмината бременост.

Незгодата се случи околу 12:30 часот на Булеварот „Маршал Тито“, во центарот на Струмица.

Според информации од доктор Гошко Гошев, началник на Хируршкото одделение при струмичката болница, кај сите се констатирани само лесни телесни повреди и никој не е задржан на лекување. Сите биле прегледани од ортопед, а единствено врз бремената жена ќе бидат извршени дополнителни прегледи.

Полицијата изврши увид на местото на незгодата.

Коментирај