Хроника

Во сообраќајна несреќа загина Благоја Георгиевски - Буштур

30. јануари 2020 - 10:29 | МИА

Македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски - Буштур синоќа го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба Кисела Вода.

Поради лизгавиот коловоз Буштур загубил контрола над возилото со кое управувал, излетал од патот и удрил во бетонски блок.

Благоја Георгиевски, роден на 15 октомври 1950 година во Скопје, долги години беше член на Работнички. Со успех настапуваше и за југословенската репрезентација со која има сребрен медал од Европското првенство во 1971 година. Има и сребрен медал од Олимпијадата во 1976 година во Монтреал.

Во независна Македонија беше селектор на сениорската репрезентација, тренер во неколку клубови, а подоцна и истакнат спортски работник.

Коментирај