Фудбал
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Во Сплит се тепаа хрватски и унгарски навивачи

10. октомври 2019 - 14:31 | Ф.З.

Синоќа дошло до инцидент во Сплит веднаш по пристигнувањето на унгарските навивачи кои биле нападнати од локални хулигани. Има повредени и приведени.

Вечерва на стадионот „Пољуд“ Хрватска ја пречекува Унгарија во квалификациите за ЕУРО 2020, па по тој повод унгарски навивачи стигнаа во Сплит. Во далматинскиот град „коцкастите“ ќе играат првпат по 12 јуни 2015 кога пред празни трибини (поради казна) одиграа 1:1 со Италија во квалификациите за ЕУРО 2016.

Само што пристигнала во градот една група од педесетина унгарски навивачи биле нападнати од локални хулигани, членови на навивачката група на Хајдук, познатата Торцида. Повеќемина биле повредени, а еден Унгарец завршил и во болница. Полицијата привела 23 хрватски навивачи.

Не сите унгарски навивачи поминале лошо. Останатите биле добро пречеани од Хрватите, за што говорат и фотографијава:

Коментирај