Во Србија досега се вакцинирале речиси 15.000 македонски граѓани

Во Србија досега против COVID-19 се вакцинирале нешто под 15.000 државјани на Северна Македонија, информира српскиот министер за здравство Златибор Лончар на денешната заедничка прес-конференција во Белград со македонскиот колега Венко Филипче.

– Најмалку што можеме да направиме за македонските граѓани кои се вакцинираа против COVID-19 во Србија е да ја добијат втората доза тука и во најлош случај да бидат ревакцинирани на местото каде што се вакцинирале. Тоа е наш принцип, но секогаш можеме да се договориме да ги отстапиме вакцините за ревакцинација и втората доза да ја добијат во нивната земја ако им е полесно, порача Лончар

Тој нагласи дека имаме нешто помалку од 12 недели да постигне договор за тоа, додавајќи дека и сега додека трае прес-конференцијата некои граѓани на Северна Македонија се вакцинираат во Србија.

– Им излегуваме во пресрет на сите македонски граѓани кои имаат некоја причина да бидат тука и тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина заради тоа што сметаме дека овој проблем не може да го реши една држава само во рамките на нејзините граници. Ова е многу поголем проблем и колку ќе им биде подобро на нашите соседи, толку ќе ни биде подобро и на нас. Во секој случај ја продолжуваме соработката и си помагаме едни на други во корист на граѓаните, рече Лончар во одговор на новинарско прашање.

Прашан дали може во Србија да се вакцинираат и македонските граѓани кои немаат постојан престој, рече дека и тоа е можно.

– Граѓаните на Северна Македонија кои имаат желба да дојдат да се вакцинираат во Србија тоа може да го направат само преку порталот е-управа или доколку спроведуваме нови акции. Ако нема никаков друг основ не доаѓајте, им порача Лончар на македонските граѓани.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе