Во Србија голема акција против антиваксери, приведени пет лица

Српската полиција, по наредба на Обвинителството за високотехнолошки криминал, денеска уапси пет лица кои јавно ги искажуваа и пропагираа своите ставови против вакцинирањето на граѓаните. Како што јави досписникот на МИА од Белград, ова е само почеток на акцијата за приведувања на антиваксери за кои постои сомневање дека шират дезинформации во јавноста во врска со имунизацијата на населението кои не се научно потковани, ширејќи паника меѓу граѓаните и со тоа ја загрозуваат вакцинацијата на населението и враќањето кон нормален живот.

Утрово во 7:30 часот српската полицијата изврши претрес во станот на познатата антиваксерка и претседателка на движењето „Живеам за Србија“, Јована Стојковиќ и нејзиниот сопруг Владимир, врз основа на судска наредба заради ширење на страв и паника. Полицијата со налог од Вишото јавно обвинителство за претрес на станот и други простории дошла пред вратата на д-р Јована Стојковиќ, позната како „водечка ѕвезда“ на лобито за анти-вакцинација во Србија. Стојковиќ го пренесуваше во живо на социјалните мрежи претресот, дискусијата и навредите кон полицијата, а по претресот беше приведена.

Сестрата на кошаркарката Милица Дабовиќ, Јелена Дабовиќ, исто така утрово е приведена на распит, во акцијата против антиваксерите.

По распитиот Дабовиќ изјави дека е приведена поради сомнеж дека на социјалните мрежи објавувала содржина против вакцините, потенцирајќи дека „само споделувала објави на други луѓе, како што тоа го прават милиони граѓани“, пренесоа белградските медиуми.

Доколку обвинителството одлучи да започне истрага против антиваксерите, тие може да се соочат со можност да бидат осудени на максимум пет години затвор за ширење паника.

Против Јована Стојковиќ се води постапка и пред Судот на лекарската комора на Србија, бидејќи пет лекари пријавиле прекршување на етиката и анти-вакциналните активности.

Важно е да се напомене дека Стојковиќ постојано ја истакнува својата титула доктор на медицината, поради што нејзиниот авторитет се зголемува во јавноста, а од друга страна, кога била повикана на одговорност со образложение да еден лекар не смее да пропагира недокажани медицински ставови, Стојковиќ се бранеше да нејзиниот „граѓански активизам нема никаква врска со Лекарската комора на Србија“ и дека станува збор за „постапување на граѓанин надвор од работното време“. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе