Во Србија регистрирани 131 нови случаи, вкупно 659 заразени лица

Во Србија во изминативе 24 часа, од 371 новотестирани, позитивни на коронавирусот биле 131 лице, со што вкупниот број на заразени се искачи на 659 лица, изјави на денешната владина прес-конференција министерот за здравство Златибор Лончар.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, вкупно се хоспитализирани 334 заболени, од кои 49 лица се водат како тешки случаи и ставени се на респиратор, од кои девет пациенти се во критична состојба.

Лончар рече дека денеска се евидентирани и два нови смртни случаи – пациентка на Инфективната клиника во Белград и пациент стар 57 години, кој починал во Ниш, со што вкупната бројка на починати во Србија изнесува 10 лица.

– Држвата направи се што можеше, но однесувањето на граѓаните кои шетаат по парковите и улиците ме плаши, не сфаќаат дека сите тие се сериозни кандидати на коронавирус, рече Лончар кој најави дека забраната за движење ќе биде продолжена за време на викендите и ќе важи од 15 часот, наместо како и досега во работните денови од 17 часот.

Како што вчера најави премиерката Ана Брнабиќ, во рамките на „офанзивата против коронавирусот“ денеска во 8 часот во карантин на Белградски саем требаше да бидат примени првите полесни случаи на заболени лица, а деновиве ваквите случаи ќе почнат да се примаат и на Новосадскиот саем и во спортскиот центар „Чаир“ во Ниш.

Утре, на постарите од 65 години, согласно забраната за движење, ќе им биде дозволено од 04-07 часот да излезат од своите домови, да можат да се снабдат со неопходните намирници, за што ќе бидат отворени 3.100 продавници.

– За еден или два месеца, доколку се почитуваат мерките, епидемијата на Ковид-19 во Србија ќе тргне во надолна линија, а кога четири последователни дена ќе биде забележан пад на нови пациенти, ќе бидат потребни уште 28 дена претпазливост, изјави за „Новости“ д-р Пенг Џичијанг, водач на тимот на лекари од Кина кој дојде во Србија да помогне во борбата против епидемијата. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе