Во Србија се урна воен авион, пилотот загина

Авион „Миг 21“ на српската војска се урна утрово околу 9:00 часот во атарот на селото Брасина кај Мали Зворник при извршување на редовна задача, соопшти српското Министерството за одбрана.

Според неофицијални информации, едниот пилот загинал, а по вториот се трага. Повреден е жител во чиј двор се урнал авионот, јави РТС.

Повредениот локален жител е одведен во болница во Лозница и примен на Одделот за интензивна нега, каде ќе му бидат третирани изгорениците на градниот кош, главата и рацете.

Српското Министерство за одбрана соопшти дека авионот „Миг-21“ што се урна утрово бил прегледан во согласност со сите процедури, а по увидот утврдено е дека е исправен и подготвен за лет.

Министерството за одбрана соопшти дека надлежните истражни органи заминале на местото на авионската несреќа и оти истрагата е во тек. Исто така, на местото на настанот е испратен е спасувачки тим, како и Итна помош, противпожарни возила и полиција.

Локалните жители велат дека авионот летал над селото утрово, а во еден момент летал многу ниско, малку над покривите на куќите.

– Отпрвин се слушаше силен звук од авионот и леташе ниско, јас и сопругата излетавме од куќата, изгледаше безопасно, се бореше, се вртеше. Потоа падна, па се крена силен чад, и веднаш отидов со автомобилот…тоа се случи за многу кратко време, изјави за РТС еден од мештаните. 

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе