Во Струмица отворен фитнес центар за лица со попреченост

Во Струмица денеска е отворен специјализиран фитнес центар за лица со попреченост, кој е единствен во регионот. Центарот е отворен во рамки на проектот „И ние постоиме“ преку RELOAD програмата (Регионална програма за локална демократија за Западен Балкан) финансирана од ЕУ, а спроведувана од УНДП и поддржанa од Општина Струмица.

Според Мери Туџарова од Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Струмица, отворањето на центарот има големо значење за лицата со попреченост.

- Ќе има големо значење во подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и со овој проект ќе се потрудиме да покажеме дека и ние можеме да бидеме рамноправни и дека можеме да спортуваме, иако ни е потребна одредена мала помош, рече Туџарова.

За Анче Туфекчиева од Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со даунов синдром „ВЕРА“ од Струмица, кое е партнер во проектот заедно со „Мобилност“,  отворањето доаѓа како иницијатива откако биле одбиени да спортуваат од повеќе фитнес центри.

- Наидовме на отпор од некои фитнес центри и затоа одлучивме идејата да ја реализираме сами, да најдеме простор и да се набават реквизитите со кои што ќе можеме да вежбаме, рече Туфекчиева, која додаде дека фитнес центарот е од отворен карактер за сите кои сакаат да го користат.

На отворањето присуствуваше и претседателот на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност-Македонија“ и на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски. Тој истакна дека на вакви проекти треба да се гледа и од страната на социјалната инклузија преку спортот.

- Искрено очекувам дека оваа просторија ќе биде исполнета и многу лица ќе најдат свое катче за задоволство и подобрување на својата здравствена состојба и дека ќе се видиме со некој спортист кој ќе спортува и ќе донесе медал за Струмица и нашата држава, рече Јовановски.

Настанот го поздрави и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој рече дека општина Струмица и тој како градоначалник секогаш ќе стојат зад такви проекти.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе