Газа, 14 мај 2018 (МИА) - Бројот на жртвите во судирите меѓу израелската армија и палестинските демонстранти се искачи на 50, а повеќе од 2.000 се повредени, јави телевизијата „Ал Мадин“ повикувајќи се на палестинското Министерство за здравство во Појасот Газа.
Во соопштението се наведува дека над сто лица настрадале од огнено оружје. Меѓу загинатите има и деца на возраст од 12, 14 и 16 година, како и 30-годишна жена.
Според порталот „Сама њуз“ јави дека меѓу жртвите е и синот на еден од лидерите на владејачката Хамас во Појасот Газа, Махмуд Рантиси Ахмед, кој бил застрелан од израелската армија во источна Газа.
Меѓу повредените има и двајца новинари, дописникот на „Ал Џeзира“ и негов колега од алжирска телевизија.