Во светот годишно се фрла една милијарда тони храна

Во светот секоја година се фрла скоро милијарда тони храна, или речиси 20 проценти од храната што им е достапна на жителите на светот, наведено е во најновиот извештај на Обединетите Нации.

„Проблемот е огромен од еколошка, социјална и економска гледна точка“, изјави Ричард Сванел, директор за развој на британската невладина организација ВРАП (WRAP), коавтор на „извештајот за индексот на фрлање на храна“ објавен од Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП))

Овој извештај до денес е најсеопфатно собирање и анализа на податоците за фрлање храна, истакнуваат авторите. Податоците за 2019 година се собрани од 54 богати земји и земји во развој во врска со малопродажбата, рестораните и домаќинствата.

Заклучокот е дека годишно се фрлаат 931 милиони тони храна, што не вклучува коски, школки и други делови што не се јадат.

Спротивно на популарното верување, храна се фрла во сите земји, и богати и сиромашни, додека според ОН, близу 700 милиони луѓе ширум светот се гладни, а три милијарди немаат пристап до здрава храна, од светската популација од 7,8 милијарди.

„Досега се веруваше дека храната се фрла во богатите земји. Но, нашиот извештај покажува дека во секоја земја што сме ја следеле, има проблем со фрлање храна во домаќинствата“, рече коавторката Клементин О’Конор во УНЕП.

Од 121 килограм храна што секоја година се фрла по жител на Земјата, 74 килограми или многу повеќе од половина се фрлаат во домаќинствата.

Во процентот на храна достапна за потрошувачите, 11 проценти се фрла во домаќинства, 5 проценти во ресторани и 2 проценти во малопродажба.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) состави извештај за „загубите“ на храната на ниво на земјоделско производство и дистрибуција.

Според овие податоци, околу 14 проценти од светската храна се губи дури и пред да излезе на пазарот, во вредност од околу 400 милијарди долари годишно, или близу БДП-то на Австрија. 

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Свет

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе