Свет

Во тајфунот Хагибис во Јапонија загинаа 40 луѓе, 17 се исчезнати

14. октомври 2019 - 9:30 | М.С.

Бројот на настаданите во тајфунот Хагибис порасна на 40, додека екипите за спасување сè уште трагаат по 17 исчезнати во подрачјето на централна и источна Јапонија.

Во ударите од тајфунот повредени се најмалку 189 луѓе, а околу 38.000 се евакуирани од нивните домови, наведува агенцијата Куодо.

Хагибис настана од рекордни количини на дожд, при што во рок од само 48 часа се излија дури 20 реки.

Големи поплави има во централниот регион Нагану, каде попушти насипот, па реката Чикума ги поплави куќите, кои се во вода до првиот кат.

Коментирај