Во тек расправа во Конгресот за импичмент на Доналд Трамп

Претставничкиот дом на САД денеска ја продолжи расправата за отповикување на претседателот Доналд Трамп, по вторпат за време на неговиот мандат.

Во текот на денов треба да се гласа за усвојување на член поврзан со отповикувањето, кој го обвинува Трамп за поттикнување бунт за време на говорот што му претходеше на упадот на демонстрантите во Конгресот.

Ако со мнозинство од 435 пратеници се одобрат обвиненијата, постапката се префрла во Сенатот, Горниот дом на Конгресот, кој го спроведува судењето. Според Уставот, потребни се две третини од сенаторите за да биде сменет претседателот. Демократите имаат мнозинство во Претставничкиот дом, па се очекува предлогот да помине.

Во моментов, Сенатот веројатно нема да биде против американскиот претседател, но лидерот на републиканците во Горниот дом Мич Меконел изјави дека Трамп извршил злосторство кое заслужува импичмент.

Досега, петмина републиканци во Конгресот јавно се изјаснија за импичмент на Доналд Трамп.

Станува збор за Џон Катко од Њујорк, Лиз Чејни од Вајоминг, Фред Аптон од Мичиген, Херера Батлер од Вашингтон и Адам Кинзингер од Илиноис.

Високи претставници на американската Републиканска партија сакаат да го погребаат претседателот Трамп, но се поделени околу тоа дали да го сторат тоа со смртоносен удар како импичмент, или да дозволат полека да исчезне од политичката сцена.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, најверојатно ќе ги поддржи демократите отколку да не гласа за осуда на Трамп – зелено светло што најверојатно ќе го следат и другите републикански сенатори.

Американските медиуми веќе јавија дека Меконел би сакал Трамп да биде тргнат од власт. Сепак, потпретседателот Мајк Пенс нема да бара смена на Трамп. Тој испрати писмо до претседателката на Претставничкиот дом на конгресот, Ненси Пелоси, во кое го изнесе својот став.

Гласањето на обвинението во Претставничкиот дом се очекува околу 15:00 часот по локално време во Вашингтон. Се очекува да биде поддржано од сите демократи и најмалку петмина републиканци, што значи дека импичментот ќе биде двопартиски (за разлика од првиот импичмент на Трамп). На првиот импичмент, Трамп беше обвинет за злоупотреба на моќ – за неговиот притисок врз Украина и за попречување на истрагата во Конгресот. Сепак, Сенатот го ослободи од обвинение.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес рано утрово усвои резолуција, со која се повикува потпретседателот на САД, Мајк Пенс, да почне постапка предвидена со 25-от амандман на американскиот Устав, за претседателот Доналд Трамп да биде симнат од функцијата.

Резолуцијата е усвоена со 223 гласа „за“ и 205 „против“.

Текстот резолуција за импичмент на шефот на државата беше доставен во понеделникот. Тој е обвинет за поттикнување бунт во врска со упадот во Капитол од негови приврзаници пред една недела. Доколку обвинението биде одобрено од мнозинство во Долниот дом, Трамп ќе биде првиот претседател на САД, обвинет двапати. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе