Во тек се конкурсите за студентски стипендии, МОН препорачува електронско аплицирање

Скопје, 21 ноември 2020 (МИА) – Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е аплицирањето за стекнување на правото на студентска стипендија во академската 2020/2021 година, кое трае заклучно со 30 ноември.

Од Министерството информираат дека конкурсите се објавени на нивната интернет страница, а потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат конкурсните услови, можат да одберат својата апликација заедно со сите потребни документи да ја достават или хартиено преку архивата на МОН, или пак, да аплицираат електронски преку интернет платформата www.konkursi.mon.gov.mk.

-Кандидатите кои ќе аплицираат електронски, немаат обврска да ги достават документите хартиено и обратно – студентите кои поради било каква причина немаат можност или нема да одберат да аплицираат електронски, ги доставуваат документите само хартиено во МОН, а апликацијата ќе се смета за валидна и ќе биде предмет на разгледување од надлежните комисии, посочуваат во соопштение.

Имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во државата, во интерес на заштита на личното здравје, а со тоа и заштита на јавното здравје, Министерството за образование и наука апелира до студентите, доколку се во можност да го искористат електронскиот начин на поднесување на апликацијата, кој е безбеден, но и поедноставен во однос на доставата на документите во хартиена форма во просториите на МОН.

Дополнително, покрај конкурсите за доделување студентски стипендии, Министерството потсетува дека во тек е Конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за академската 2020/2021 година, со кој на 25 студенти, запишани на државните високообразовни установи каде се остваруваат студиски програми од областа на музиката, а кои ќе ги исполнат конкурсните услови, Министерството за образование и наука ќе им изврши поврат на дел од средствата за купен музички инструмент во висина од 75% од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент.

Аплицирањето е идентично како и кај студентските стипендии (потенцијалните кандидати одбираат или електронска или хартиена достава на документите) и трае 60 дена од денот на објавата на конкурсот.

-За какви било прашања поврзани со аплицирањето за остварување на правото на стипендија, односно финансиска поддршка за купување музички инструмент, Министерството за образование и наука им стои на располагање на студентите. Контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, а официјалната електронска адреса на министерството е contact@mon.gov.mk, се наведува во соопштението на Министерството.

Тагови
реклама

Принцот Филип беше против разводот на Чарлс и Дијана: Никој со здрав разум не би ја оставил за Камила

Read more

Американски водител: Бил Гејтс мисли дека е Бог

Read more

Кои се голите девојки уапсени во Дубаи и кој стои зад сето тоа?

Read more

Лични податоци на 500 милиони корисници на LinkedIn завршија на dark web

Read more

Македонија

Благо намалување на бројот на заболени, процесот на имунизација продолжува

Read more

Сончево со мала до умерена локална облачност

Read more

МЗ: ВМРО-ДПМНЕ се потсмева со вакцинацијата на граѓаните

Read more

На инфективните одделенија се лекуваат 1.000 пациенти со COVID-19

Read more
 

Вести

Благо намалување на бројот на заболени, процесот на имунизација продолжува

Читај повеќе

Сончево со мала до умерена локална облачност

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Разбиена група нарко-дилери, запленета дрога во вредност од над 800 илјади евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Американски водител: Бил Гејтс мисли дека е Бог

Читај повеќе

Претрес во домот на oхриѓанец, пронајден кокаин

Читај повеќе

МЗ: ВМРО-ДПМНЕ се потсмева со вакцинацијата на граѓаните

Читај повеќе

На инфективните одделенија се лекуваат 1.000 пациенти со COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Протести против рестриктивните мерки во Холандија

Читај повеќе

Од вторник врнежи, а од среда повторно намалување на температурите

Читај повеќе